Денес се одиграа два натпревари во рамките на плеј-оф фазата на машката Супер лига од 7-то коло. Без големи изненадувања, очекувано лесни победи и нови бодови издвојуваа екипите на Вардар и Металург.
- Вардар 40:23 Зомимак-М
Ракометарите на Вардар во овој натпревар влегоа уште на почетокот со полна сила, одлични во одбраната и ефикасни во нападот. Направија две серии од по 3-0 и веќе во 14-та минута водеа со 12:5, расположените вардарци само ја зголемуваа предноста и на полувреме заминаа со 10 погодоци предност, конечни 21:11.
Во вториот дел Гонзалес ротираше со сите играчи, на теренот немоќни беа ракометарите на Зомимак-М, со што заслужено убедливо славеше Вардар со конечни 40:23.
Најефикасен на натпреварот беше Дибиров со 9 и Карачиќ со 6 постигнати погодоци, додека во спротивниот табор Пецаковски и Н.Марковски со по 4 постигнати погодоци.
- Металург 30:20 РК Прилеп
Ракометарите на РК Прилеп му парираа само во првите 15 минути од натпреварот на Металург, каде веќе по серијата од 5:0 „плаво-белите“ се одлепија резултатски и успеаа да го задржат тоа водство до крајот на првото полувреме, кое го завршија со конечни 14:8.
Во второто полувреме домаќините продолжија со сигурна игра и набрзо стигнаа до двоцифрена разлика, која рутински до самиот крај на одржуваа. Прилепчани тешко доаѓаа до погодна позиција во нападот, а во својата одбрана не беа на високо ниво, со што се одрази на конечниот резултат.
Најефикасни на натпреварот беа Ѓукиќ со 7 и Ојлески со 6 постигнати погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Бозароски со 7 постигнати погодоци.
ТАБЕЛА:
Место | Екипа | П | Н | П | Поени |
---|---|---|---|---|---|
1 | Вардар | 7 | 0 | 0 | 21 |
2 | Металург | 6 | 0 | 1 | 18 |
3 | Зомимак-М | 4 | 0 | 3 | 12 |
4 | Тинекс Пролет | 2 | 0 | 4 | 6 |
5 | РК Радовиш | 1 | 0 | 5 | 3 |
6 | Прилеп 2010 | 0 | 0 | 7 | 0 |
Фото: (24rakomet.mk)