Ракометната репрезентација на Македонија имаше одлична увертира пред решавачкиот дуел со Чешка во Скопје, откако синоќа убедливо славеше против Швајцарија. Победа која во ниту еден момент од натпреварот не беше доведена во прашање, бидејќи Македонија водеше од самиот почеток на натпреварот.
Бодови со кои Македонија се наоѓа на второто место на табелата со ист број на бодови со Чешка, но подобра гол разлика. Овој натпревар беше одлично загревање пред решавачкиот натпревар во недела против репрезентацијата на Чешка, каде очекуваме уште една победа во СЦ „Борис Трајковски“ и пласман на ЕП во Полска 2016 година.
- Швајцарија 17:26 Македонија
Швајцарија: Портман (8 одбрани), Бринголф, Спренглер, Баумгартнер, Бавиера, Дахлер 2, Фелман 1, Граубнер 3, Џуд, Кител 4, Линдер 1, Линигер 1, Мухлеман, Реми 1, Шмид 4, Штрифелер. Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 минути.
Македонија: Ристовски (10 одбрани), Ангелов, Георгиевски 2, Јоновски, Костески, Ф.Лазаров 1, К.Лазаров 5, Манасков 2, Н.Маркоски, В.Маркоски, Миркуловски 3, Митков 4, Ојлески 2, Прибак 2, Стоилов 4 и Талески 1. Седмерци: 5/6. Исклучувања: 6 минути.