Амандин Лејно повторно блескаше на голот на ЖРК Вардар, имаше низа на одбрани на почетокот на второто полувреме, со кои спречи водство на Ѓер и ги врати во игра нашите ракометарки кои после тоа го скршија отпорот на Ѓер. Со што заслужено се најде во Топ 5 најдобри одбрани.
Одбраната на Лејно, како и останатите голмански интервенции од ова коло во ЛШ можете да ја погледнете ТУКА
Маја Сокач не играше многу во саботниот натпревар, но нејзиниот милиметарски прецизно изведениот пенал заслужено се најде во Топ 5 најдобри погодоци во ЛШ.
Пеналот на Маја Сокач, како и останатите погодоци може да ги погледнете ТУКА