Голманката на ЖРК Вардар, Амандин Лејно повторно се најде на Топ 5 листата од најдобри одбрани во Лигата на шампиони, овојпат од Ф4 турнирот во Будимпешта. Французинката цела сезона блескаше во дресот на ЖРК Вардар, често ја гледавме на оваа листа. Така и за крај на оваа сезона, со нејзиниот добар настап на последниот натпревар против рускиот Динамо Синара, во кој помогна на нашите ркаометарки да стигнат до бронзата на Ф4 турнирот во Будумпешта, заслужено се најде помеѓу најдобрите одбрани.
Нејзината одбрана, како и останатите одбрани може да ги погледнете ТУКА.