Во пресрет на денешниот натпревар на ЖРК Металург од третото коло на Купот на победниците на купови (КПК), против унгарската екипа на Сиофок КЦ, кој ќе се одигра од 18:00 часот, еве што изјави средниот бек на ЖРК Металург, Елена Ливриниќ за престојните два натпревари и кои се нејзините очекувања.
„Реално, ние сме многу помлада и многу понеискусна екипа. Моите очекувања во врска со овие два натпревари, се тоа да се покажеме во најдобро светло и да покажеме дека има иднина во нас, преку тоа што ќе пружиме максимален отпор од наша страна. Но спортот е игра и никогаш не се знае што ќе се случи.“ – изјави Елена Ливриниќ