Нашиот следен противник е Австрија, репрезентација која ни далеку не е за потценување. Репрезентација која со голема желба сака да ни се реваншира за поразот во баражот во летото 2012 година и на последното ЕП во Данска. Еве што изјави австрискиот ракометар Лукас Мајер.
„Се е отворено. Против Тунис моравме да победиме, но нивниот голман беше многу добар. Мора да се свртиме кон наредниот натпревар. Секако дека сакаме да победиме против Македонија. Имаат одличен тим, но ние сакаме да се реваншираме и се надевам дека ќе биде така“ изјави Лукас Мајер.