Прекрасниот погодок на средниот бек на Металург, Лука Мраковчиќ се најде во Топ 5 погодоци во второто коло од Лигата на шампиони. Мраковиќ одигра одличен натпревар против Кадете Шафхаузен, каде постигна неколку извонредно важни погодоци, а истовремено и беше најпожртвуван од сите, и во одбрана и во напад.
Што со право нашата екипа го прогласи за „Играч на натпреварот“, кој заедно со искусниот Јанко Божовиќ го предводеа Металург до првата победа во Лигата на шампиони.
Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )