Оваа сезона екипата на Металург се засили со неколку имиња, од кои и со хрватот Лука Мраковчиќ. Ракометар кој по одиграните неколку натпревари, покажа одлична игра, со што веднаш стана миленик на љубителите на ракометот, особено на фановите на Металург. МакРакомет во разговор со Мраковчиќ, дознава повеќе за неговите почетоци и неговото адаптирање во редовите на Металург.

1. Кaжи нештo зa твoите пoчетoци. Кaкo дoјде дo тoa дa се зaнимaвaш сo рaкoмет? Зa кoи се клубoви имaш нaстaпувaнo?

Се започна кога имав 8 години, во моментот кога тренерот Томислав Круљач дојде во нашето училиште и го претстави ракометот. Ракометот како игра веднаш ми се допадна и токму затоа веднаш почнав да тренирам во ракометниот клуб Печине каде што поминав еден многу убав период. Од ден на ден се повеќе го сакав ракометот. За се треба да му се заблагодарам на тренерот Круљач и на целиот клуб затоа што имаа еден одличен однос кон нас децата и всадија во нас љубов кон овој спорт. По одреден период преминав во ракометниот клуб Козал каде што играв скоро 2 години. Со моите 16 години преминав во ракометниот клуб Замет каде што играв се додека не станав нов член на РК Металург.

2. Која беше причината да дојдеш во Металург, знаејќи ги проблемите со кои се соочуваше екипата?

Металург е голем клуб кој игра во Лига на шампиони и мислам дека таква шанса не се пропушта. Според тоа сметам дека донесов вистинска одлука за моето доаѓање во овој клуб. Со тренер каков што е Лино Червар може многу да се напредува.

3. Вo Метaлург имa мнoгу млaди рaкoметaри. Кaкo тe прифaтијa? Сo кoгo нaјмнoгу се дружиш?

Ние сме една млада екипа, една од најмладите што играат Лига на шампиони оваа година. Покажавме дека можеме да се спротиставиме и да играме со секого. Ќе се потрудиме да продолжиме како што започнавме. Навистина убаво ме прифатија, не можам да се пожалам и да кажам лош збор. Одлично ми е овде и уживам во секој момент и тренинг.

[one_third]mrakovcic_metalurg[/one_third]

4. Кaкo е дa се рaбoти сo Линo Червaр?

Да се работи со тренер каков што е Лино Червар е одлично. Тој живее со ракометот и со него е 24 часа. Мислам дека многу можам да научам од таков тренер и да напредувам. Тој е веројатно и најдобриот тренер во светот, погледнете само што се има освоено.

5. Брзo стaнa миленик нa скoпскaтa публикa. Кaкo се чувствувaш вo Скoпје? Пoчнaa ли дa те препoзнaвaaт нa улицa?

Не се оптеретувам премногу со тоа, се обидувам да дадам се од себе како на тренинг, така и на секој натпревар. Публиката сето тоа веројатно го препознала и нормално дека тоа чувство е многу убаво.

6. Каква е атмосферата во тимот после трите победи во низа? Дали мислиш дека можете да ја пројдете групната фаза во ЛШ?

Атмосферата е одлична. Не би се занимавал околу прогнозите. Треба да играме полека, да мислиме за натпревар по натпревар и на секој да дадеме се од себе, а потоа и ќе дојде резултатот.

7. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометари чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено ме интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?

Ракометен идол и пример ми е Ивано Балиќ, кој имаше неверојатни движења и ми беше задоволство и чест да го гледам и учам од него.

8. За крај, што ќе им препорачаш на македонските љубители на ракометот?

На љубителите и читателите на МакРакомет би им порачал да дојдат на натпреварите што следат во што поголем број, бидејќи нивната поддршка нам многу ни значи, а ние ќе дадеме се од себе да не ве разочараме.

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )