Тоа што се најавуваше уште од месец јануари, денес и официјално се случи. Десниот бек на шпанската репрезентација Хорхе Македа потпиша тригодишен договор со Вардар, со што ја засили позицијата на која досега настапуваа Терзиќ и Петриќ, на кои им завршија договорите со екипата. Македа дојде од француската екипа Нант, каде настапуваше последните три сезони.
„Со ангажирањето на Македа, ќе имаме уште посилна бековска линија, и искусен и докажан играч. Вардар се засили со играч кој зад себе има медали во репрезентативен дрес, со надеж дека заедно ќе ги исполниме и клупските планови. Македа останува во Вардар до јуни 2018 година, а се надеваме и подолго. Со потпишувањето на Македа продолжуваат намерите на Вардар да создаде силен и респектибилен тим во Европа“ – изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.