Денес од 14:30 часот во Краков ќе се одржи ждрепката за фазата по групи на Европското првенство во ракомет кое следната година ќе се одржи во Полска. Според рејтингот Македонија се најде во третиот шешир на извлекувањето, со што сигурно нема да ни паднат репрезентациите на Русија, Германија и Белорусија.
МакРакомет ги посакува репрезентации на Данска, Унгарија и Норвешка … а Вие? :-)
Шешир 1: Франција, Данска, Шпанија, Хрватска.
Шешир 2: Исланд, Полска, Шведска, Унгарија.
Шешир 3: Русија, МАКЕДОНИЈА, Германија, Белорусија.
Шешир 4: Србија, Норвешка, Словенија, Црна Гора.
Шампионатот ќе се игра од 15 до 31 јануари 2016 година, во четири градови: Полска (Краков), Хрватска (Катовице), Германија (Вроцлав) и Данска (Гдањск).