Македонската ракометна репрезентација денеска ја пречекува репрезентацијата на Чешка во решавачкиот натпревар за второто место во квалификациската група кое носи билет за ЕП во Полска. Натпревар во кој и двете репрезентации ќе влезат со доста проблеми, околу составување на ростерот на своите екипи.

Но, едно е сигурно, Македонија го има столбот на екипата, а тоа е одбраната!

Одбраната предводена од Јоновски, ќе биде клучен фактор на овој натпревар. Добрата одбрана ќе ги разигра нашите крила Манасков и Георгиевски, кои несомненно се во одлична форма. И во нападот нема потреба да се стравува, на пикерската позиција царува Стоилов, кој ќе чека топки од Прибак и Mитков, кои добро се покажаа против Швајцарија.

Викаат голманот е пола екипа, па затоа нема што да се стравува и на таа позиција, со оглед на тоа дека ги имаме двајцата одлични голмани, Ристовски и Ангелов.

Со што може да се заклучи дека Македонија има играчи во својот ростер, иако е со 3-4 повредени стандардни играчи. Македонија е силна репрезентација и сигурни сме дека вечерва ќе издвојува победа, со која ќе се пласираме на ЕП во Полска 2016 година.