Домаќинот експресно реагираше и за кратко време успеа комплетно да го реши проблемот со автобусот на македонската репрезентација. Синоќа Катарците ги залепија буквите кои не беа потребни пред името на нашата земја, со цел македонските репрезентативци да влезат во автобусот и да се упатот до хотелот во кои се сместени.

Денес автобусот изгледа како нов, нема ни трага од кратенката БЈРМ, со што уште еднаш се покажа катарците како добри домаќини.