Македонската сениорска репрезентација на 22 декември ќе го има првиот контролен натпревар, за престојното светско првенство, кое ќе се одржи во Катар од 15 јануари до 1 фебруари, 2015 година.
Македонија ќе изигра два контролни натпревари во новата спортска сала „Јане Сандаски“, со репрезентацијата на Израел, која ја предводи добропознатиот за нас српски тренер Драган Ѓукиќ, поранеше селектор на Македонија и тренер на Вардар.
После овие два контролни натпревари, следно е турнирот во Нант(Франција), во кој ќе игра против репрезентациите на Алжир, и во зависност од резултатот, против подобриот или поразениот од натпреварот Франција – Аргентина.