Како што се очекуваше, Црна Гора ги запиша првите бодови во рамките на квалификациите за ЕП 2016 година, совладувајќи ја нашата подмладената репрезентација со 21:14.

Натпревар во кој можеше слободно да се види, што понатаму треба да се работи со овие ракометарки. А тоа е нападот, кој очигледно е најслабата точна на овие девојки, за разлика од одбраната во која покажаат далеку подобра игра. Особено во првото полувреме кога на црногорките им дозволија да дадат само 12 погодоци.

Најбитно од се, овие девојки покажаат дека можат и умеат да се носат со посилни репрезентации. Дека поседуваат квалитет, кој мора понатаму постепено да се надоградува. За таа цел, едноставно мора РМФ да им обезбеди на овие ракометарки што повеќе пријателски натпревари и силни турнири, со што за брзо време се добие фидбек и квалитетна репререзентација.

Најефикасни на натпреварот беше Елена Ѓорѓиевска со 4 постигнати погодоци и Сара Ристовска со 3 погодоци. Во спротивниот табор најефикасна беше Катарина Булатовиќ со 6 погодоци.

Следна шанса за докажување македонските репрезентативки ќе имаат в осабота во 20:15 часот, кога во „Кале“ гостува репрезентацијата на Хрватска.

Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )