Македонската женска ракометна репрезентација, во квалификациите за ЕП во Шведска 2016, ќе игра против репрезентациите на Црна Гора, Хрватска и Словенија. Имено, по ждрепката извршена во Кристијанштад, Шведска, кој е и еден од домаќините на претстојното ЕП, Македонија се најде во групата 4.
Квалификацискиот циклус ќе се одржи во 3 фази.
Првите две кола од циклусот, ќе се одиграат во периодот од 7 до 11 октомври. По петмесечна пауза, натпреварите продолжуваат од 9 до 13 март 2016 година, а завршната фаза и натпревари се закажани за периодот од 1 до 5 јуни 2016 година.
Пласман на ЕП во Шведска 2016, обезбедуваат двете првопласирани репрезентации од секоја група.
ГРУПА 1: Норвешка, Романија, Белорусија, Литванија
ГРУПА 2: Србија, Чешка, Украина, Италија
ГРУПА 3: Шпанија, Холандија, Австрија и победникот од квалификацискиот турнир А (Азербејџан, Бугарија, Фарски Острови)
ГРУПА 4: Црна Гора, Хрватска, МАКЕДОНИЈА, Словенија
ГРУПА 5: Унгарија, Полска, Словачка и победникот од квалификацискиот турнир Б (Финска, Израел, Косово)
ГРУПА 6: Данска, Русија, Турција, Португалија
ГРУПА 7: Франција, Германија, Исланд, Швајцарија