По денешниве резултати нашата репрезентација го освојува 9-то место на ова СП во Катар, кој е најголем успех на Мундијалите во нашата историја.

Поради одличниот наш настап во групната фаза од првенството во Катар, и денешните победи на Германија, Полска, Франција и Данска, следеше официјалниот пласман на 9-тата позиција.

Потсетуваме дека на СП во Египет(1999) завршивме 18-ти, на СП во Хрватска (2009) бевме 11-ти, а пред две години во Шпанија, го освоиме 14-тото место.

Зад нас се пласираа: Шведска (10), Исланд (11), Аргентина (12), Австрија (13), Египет (14), Тунис (15) и Бразил (16). За редоследот на првите осум позиции, како и за пласманот од 17-то до 24-тото место ќе се знае по завршувањето на сите средби од првенството во Катар.