Македонската машка младинска селекција составена од ракометари до 19 години, замина за Бугојно (БиХ), каде што во наредните три дена ќе учествува на меѓународниот турнир под мото „Ракометот е мојата иднина“. Покрај нашата селекција, учесници на овој турнир се и репрезентациите на домаќинот Босна и Херцеговина, Катар, Полска, Словенија, Словачка, Хрватска и Србија.
Учесниците на овој турнир се поделени во две групи. Нашата репрезентација се наоѓа во групата Б заедно со репрезентациите на Полска, Катар и БиХ. Македонија својот прв натпревар го игра веќе денес против репрезентацијата на Катар со почеток во 14:45 часот.
Во петок 03.04.2015 година, Македонија ќе одигра два натпревари. Првиот натпревар е во утринскиот термин од 09:30 часот против репрезентацијата на Полска, а во попладневниот термин од 17:30 часот противник на нашата репрезентација ќе биде репрезентацијата на домаќинот Босна и Херцеговина.
На последниот ден од турнирот на програма се финалните натпревари, како и разигрувањето за конечен пласман.
Овој меѓународен турнир нуди вистинска шанса за проверка и одмерување на силите на нашата репрезентација со другите земји-учеснички. Од списокот на селекторот Неделковски, оправдано поради повреди изостанаа ракометарите Филип Талески и Марко Нелоски.
На списокот на селекторот Влатко Неделковски се следниве ракометари:
Голмани:
1. Никола Кизиќ – РК ВАРДАР
2. Илија Трпевски – РК ВАРДАР
3. Никола Даниловски – РК МЕТАЛУРГ
Крила:
4. Давор Палевски – РК МЕТАЛУРГ
5. Александар Мирчевски – РК ВАРДАР
6. Марио Левковски – РК ПРОЛЕТ
Бекови:
7. Горан Крстевски – РК МЕТАЛУРГ
8. Мартин Велковски – РК МЕТАЛУРГ
9. Марко Ставридис – РК МЕТАЛУРГ
10. Кристијан Давитковски – РК МЕТАЛУРГ
11. Николај Апостоловски – РК РАБОТНИЧКИ
12. Филип Кузмановски – РК ПЕЛИСТЕР
13. Тоше Ончев – РК ВАРДАР
14. Стефан Трпчевски – РК ВАРДАР
15. Александар Димовски – РК ВАРДАР
Пивоти:
16. Андреј Маркудов – РК МЕТАЛУРГ
17. Филип Арсеновски – РК ВАРДАР
18. Марко Огњановски – РК ПРОЛЕТ