Од работ на бездната до спектакуларен триумф. На минус два беше Металург на 2 минути до крајот, но македонското ракометно срце денеска покажа дека е поголемо од сите проблеми. Победа од 29-28 за враќање на самодовербата, за задржување на надежите дека сезонава сеуште не е загубена. Брлијантна партија на Мојсовски и Вугринец со 11 односно 10 постигнати голови, кои се најзаслужни за триумфот.
Тежок беше овој меч за македонскиот шампион. Не успеваше Металург никако да ги искористи малкуте шанси да се одлепи на поголема разлика од 2 гола. Во првото полувреме имаше шанса Металург да ја обезбеди победата, на +2 имаше неколку шанси да отиде на поголема разлика, но не успеа. Напротив, Ла Риоха со молневити контри ги казнуваше сите грешки на домашната екипа и полувремето го заврши со гол предност.
Во второто полувреме Металург ја подигна играта во одбрана на повисоко ниво. Влегувањето на Марко Неловски во играта во одбрана и промената во 5-1, целосно ја поремети играта на Шпанците. Дополнително, се разбрани и Митревски и тоа резултираше со мал број примени голови. За жал не функционираше нападот, и оваа феноменална игра во одбраната не се награди со поволен резултат. Во финиш, кој не беше за оние со слабо срце, Металург дојде до победа на радост на сите свои навивачи.
Со овoј триумф Металург останува во игра за 1/8 финалето, во пресрет на последните 4 натпревари во групата.