Нашиот репрезентативец Дејан Манасков во саботата ја одигра својата најдобра партија оваа сезона на натпреварот против Мешков Брест, каде со своите 8 погодоци, сосема заслужено се најде во иделниот тим на 8-то коло во Лигата на шампионите.
Друштво на Манасков во иделниот тим му прават:
– Александар Деренвен (лев бек)
– Жоан Кањелјас (среден бек)
– Холгар Гландорф (десен бек)
– Патри Грецки (десно крило)
– Камил Сипраж (пикер)
– Никола Портнер (голман)
Еден од 8-те голови на Дејан Манасков се најде во Топ 5 најдобри голови ова коло во ЛШ, головите може да ги погледнете ТУКА.