2. Тешко ли е да ги избaлaнсирaш тренинзите и спoртскиoт нaчин нa живoт сo “нoрмaлниoт” живoт нa еден 20-гoдишник – излегувања, дружба? Имаш ли време за љубов? :-)
Со самото тоа што одлучив да играм ракомет, го прифатив фактот дека ќе имам помалку време за шетање, излегувања до доцна, меѓутоа кога имам слободен викенд (што е многу ретко) излегувам и се забавувам како и секој млад човек. За љубов секогаш има време, само потребна е и личност која ќе го разбере нашиот начин на живот и ќе не поддржи во тоа. :-)
3. Имаш ли ракометни идоли? Кои се тие ракометарки чија игра особено те инспирира и те тера да напредуваш? Особено не интересира за луѓе кои играат на твојата позиција?
Од сите кои настапуваат на мојата позиција гледам да извлечам се што е добро и корисно и потоа да го применам самата. Во моментов има многу добри пикери како што се Локе, Драгана Цвијиќ, Рене Тоф Хансен, меѓутоа мој идол е Младен Ракчевиќ.
4. Беше дел од сениорската репрезентација на последните квалификациски натпревари, кои за жал завршија со неуспех… Кое е твоето лично мислење за квалитетот на оваа нова помладена генерација?
Секој почеток е тежок и трнлив, па така и нашиот. Се надевам дека секој натпревар ќе биде се подобар и подобар, бидејќи оваа нова генерација надополнета со неколку постари и поискусни девојки може да покаже многу.
5. Можат ли македонските ракометни фанови да веруваат дека за година, две македонската репрезентација ќе се врати таму кај што и е местото, на европските и светсктие првенства?
Со оглед на тоа што сме талентирана генерација која ветува многу, со многу напорна работа се надевам дека ќе ја вратиме Македонија таму каде што припаѓа, во ракометната елита.
6. Со заминувањето на неколку поискусни ракометарки,ЖРК Металург остана прилично млада екипа, шанса за вас помладите да го докажете вашиот квалитет. Каква е атмосферата во тимот? Кои се твоите очекувања за сезонава?
Конечно и ние ги имаме нашите 5 минути на кои можеме да покажеме дека и претходно требало да сметаат на нас, а тоа постепено и го докажуваме. Атмосферата во тимот е како никогаш до сега. Моите, како и очекувањата на целата екипа се исти, а тоа е да го освоиме второто место во домашното првенство (сега веќе само треба да го потврдиме :-) ), да го собереме она искуство кое ни е повеќе од потребно играјќи силни натпревари во Регионалната лига, како и второ место во Купот на Македонија (меѓутоа не е исклучена шансата да им ги помрсиме сметките на Вардарки :-) )
7. ЖРК Вардар е апсолутен фаворит сезонава, но дали мислиш дека со овој состав на ЖРК Металург, со правилна работа, за година, две може да ја врати титулата во домашното првенство?
Нашиот состав ги има сите предиспозиции да стане дел од елитата на женскиот ракомет. Сите девојки имаме талент, предиспозиции, младост, желба за напредување, цел во животот и на сето тоа кога ќе додадеме напорна работа успехот е неизбежен. Што се однесува за ривалството со Вардар тие се неприкосновени годинава меѓутоа ние ќе се потрудиме да ги помачиме за секој бод.
8. Што мислиш за македонската публика?
Македонската публика е дефинитивно една од најдобрите во светот ,но сметам дека е редно време онаа атмосфера која ја има на натпреварите од машкиот ракомет да ја почувствуваме и ние девојките (убаво е да дојдат и да гледаат згодни и убави девојки :-) хаха )
9. Што може да изнервира најмногу за време на натпревар?
Важам за некој кој многу тешко се нервира (вешто ја прикривам нервозата). Се нервирам кога ќе направам грешки и кога има неправедно судење (како иден правник премногу ми смета кога има неправда)
10. Што правиш во слободно време? Како ти поминува еден ден?
Станувам во 6 часот наутро и веќе од 8 имам утрински тренинг, кога ќе се вратам од тренинг јадам и најчесто одмарам или ги завршувам обврските кои ги имам на факултет, веќе во 16h ми почнува попладневниот тренинг. По завршување на тренингот повторно одмарам и вечерам. Навечер најчесто имам повеќе слободно време и го користам за да се видам со моите пријатели или да изгледам некој добар филм.
|