Српскиот репрезентативец Мијајло Марсениќ повторно се враќа во Македонија, но овојпат во редовите на Вардар. Ракометар кој ќе биде замена за Михаил Чипурин, на кој му завршува договорот со Вардар и по се изгледа ќе ги напушти редовите на „црвено-црните“.
Ракометар кој и е добро познат на јавноста, со оглед дека настапуваше за лутиот ривал Металург. Марсениќ доаѓа од Партизан, каде настапуваше последниве месеци откако си замина од „плаво-белите“.