РК Струмица денес од 20:00 часот во рамките од второто коло од ЕХФ-купот, ќе го одигра првиот од двата натпревари кои ќе ги изигра против Хаукар на гостински терен. Поради одалеченоста на двате екипи, заедно решија двата натпревари да ги одиграат на гостински терен во Исланд, поради намалување на трошоците за патување.

Вториот натпревар ќе се одигра утре (сабота) од 16:00 часот.

Тренерот на македонскиот вицешампион, Марјан Андонов за порталот Спортмедиа изјави дека екипата на Хаукар е на исто рамниште со РК Струмица и верува дека можат да извлечат позитивен резултат, со кој ќе се пласираат во третото коло од ЕХФ-купот.

„Нема врска тоа што двапати играме таму, тоа е чиста поради финансиско олеснување. Ние ако го изиграме она што го знаеме јас очекувам позитивен резултат и пласман во следното коло. Одиме таму за да победиме. А секоја победа во европски купови е одлична, не само за Макс Струмица, општо за македонскиот ракомет и за неговиот рејтинг“ – изјави Марјан Андонов за порталот Спортмедиа.