Лазо Мајнов одигра извонреден натпревар за Одорхеи, постигнувајќи 10 погодоци против романскиот ракометен вицешампион Штинца од Бакау, од кои 7 погодоци од седмерец. Погодоци со кои на својот тим му донесе многу важен бод, знаејќи дека на шест минути до крајот губеа со 27:22, за на крајот ремизираат 27:27.

Во романскиот тим на Мајнов, играат уште и двајца поранешни репрезентативци, средниот бек Горан Кузманоски и левиот бек Митко Стоилов.

Мајнов е втор стрелец во својата екипа со 28 погодоци во лигата, два помалку од најефикасниот Андреј Михалчеа, а Кузманоски, кој даде 3 погодоци, сега е петти со 26 погодоци.