Вечерва, со натпреварот помеѓу екипите на РК Тинекс Пролет и РК Вардар Јуниор ќе започне 6-тото коло од машката ВИП Супер лига. Овој прв натпревар од ова 6-то коло е закажан за денес со почеток во 20 часот, а улога на домаќин има екипата на Тинекс Пролет. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала ,,Македонско Сонце”.

Ракометарот на Тинекс Пролет, Доне Мајнов за нашиот сајт ни ги изнесе своите очекувања за овој натпревар.

,, Не очекува еден пред се тежок и неизвесен натпревар против екипата на Вардар Јуниор. На овој натпревар сметам дека имаме мала фаворитска улога  бидејќи играме на домашен терен, а со тоа и очекуваме поволен резултат на овој натпревар за нашиот тим.“ – изјави Мајнов. 

Веќе утре се играат и другите натпревари од 6-тото коло од нашето најквалитетно натпреварување. Двојки за ова 6-то коло се:

* РК Тинекс Пролет – РК Вардар Јуниор (денес, 20 часот)

* РК Металург 2 – РК Радовиш (17.10.2015, 16:30 часот)

* ГРК Борец – РК Охрид (17.10.2015, 18 часот)

* РК Прилеп – РК Работнички (17.10.2015, 19 часот)

Директен пренос од сите натпревари можете да следите на официјалната страна на Ракометната федерација на Македонија.