Ракометарите на Металург вечерва од 19:00 часот го играат клучниот натпревар за обезбедување на 6-то место во СЕХА лигата, кое воедно значи и учество на завршниот Ф6 турнир што ќе се одржи во текот на следниот месец. Плаво-белите пред околу еден месец во Скопје го совлада Нексе со 23-21, но за разлика од тој меч, Червар денеска нема да може да смета на Талески и Нелоски.
Дефинитивно ова е голем хендикеп, но целта на Металург останува иста … младата екипа да го добие потребното искуство и се подобро и покоординирано да игра во секој следен натпревар.
Нексе има тим што знае да биде опасен од сите позиции. Има добри и брзи крила, бекови што знаат прецизно да шутираат, така што денеска ќе мора нашите ракометари да одиграат двојно поборбено, поефикасно и поконцентрирано за да оствариме позитивен резултат.
Предводени од најискусните ракометари во тимот, Ојлески и Митрески, од кои најмногу се очекува, потпомогнати од браќата Маџовски, Манасков и Костески се очекува одлична игра на плаво-белите и освојување на толку посакуваните бодови, кои ќе ни го осигураат 6-то место кое сите го посакуваме.
Натпреварот ќе се одигра денес од 19:00 часот, но за жал нема да има пренос на ТВ.