Металург ја има таа чест, утрешната саботна треска да ја затвори. Со натпреварот кој за многумина е од голема важност, кај играчите се брка стабилизацијата во тимот, а верните навивачи со нетрпение ја чекаат првата победа сезонава во лигата на шампиони.

Покрај сите проблеми со кои се соочуваат играчите и целокупната екипа на Металург, едноставно за момент треба да ги отргнат сите проблеми и да се фокусираат на натпреварот против Ла Риоха, и да пробаат да ја израдуваат публиката која со години наназад е со својот тим и кога победува и кога губи.

Ја изгубија јаката клупа, но таму сеуште има ракометари кои можат да придонесат и помогнат на веќе добро познатата стартна постава ( Миркуловски, Мојсовски, Вугринец, Димовски, Манасков и Георгиевски). Видовме на последниот натпревар дека овие носители, не можат да одиграат на високо темпо сите 60 минути, па затоа Червар мора почесто да ги одмара и воедно да им даде шанса на младите Талески и Неловски.

Со добра одбрана, разновиден напад и публиката, ракометарите на Металург можат да ја совладаат екипата на Ла Риоха. Просечна екипа, која сезонава е мало изненадување во нашата група. Екипа предводена од одличниот леб бек, бразилецот Дос Сантос, кој несомнено поседува квалитети, ракометар кој на последниот натпревар постигна 8 погодоци. Истотака голема опасност доаѓа од нивното десно крило, кое е одлично во одбраната и убиствено во нападот, сето тоа го потврди со неговите 9 погодици против нашиот шампион.

Металург ги чека тежок натпревар, но квалитетот на македонските ракометари е доволен да се совлада противникот.

Натпреварот започнува од 19:00 часот.
Директен пренос на Алфа ТВ. #СамоЕденМеталург