По триумфот над екипата на Нексе во првиот меч од пролетната ракометна полусезона, екипата на Металург продолжува со нови предизвици. Денес, со почеток во 18:00 часот, следи гостување во Словачка, на дуел со домаќинот, Татран Прешов. Меч во кој домаќините се фаворити. И не само заради проблемите со играчкиот кадар, со кои се соочуваат металурзите. И во минатите сезони, кога Металург бил комплетен, не успевал да излезе на крај со екипата на Татран, која оваа година сака да игра на Фајнал 4 турнирот во СЕХА лигата. За потсетување, минатиот пат, на гостувањето во Прешов, Металург загуби убедливо, 27-20.
Сепак, играчите на Металург, во каков состав и да настапат, мора да пружат максимум. Ова е шанса за младите играчи кои ќе се трудат да ја искористат, за да се наметнат на тренерот, и да покажат дека во иднина, клубот може да се потпре на сопствените кадри.
Сепак, тренерот Лино Червар е свесен дека тешко ќе се дојде до победата на овој меч:
„Татран игра извонредно сезонава и имаат големи шанси поворно да се пласираат на завршниот турнир. Очекуваме тежок натпревар, но ќе се потрудиме да одиграме добро и да освоиме 3 поени и во вториот дуел со Татран сезонава. Повторно ќе настапиме со млад тим, со играчи желни за докажување, сакајќи да се наметнат за поголема минутажа во првиот тим и да покажат колку знаат“