Денес во рамките на 4-тото коло се сретнаа екипите на РК Металург 2 и РК Металург. Иако однапред се знаеше победникот на оваа средба, сепак младите ракометари на Металург 2 достојно му се спротиставија на составот на Лино Червар.
Првото полувреме помина во една рамноправна борба со неколку изедначувања на резултатот. Со мини серијата што ја направи Металург во последните минути од полувремето, успеа да замине на одмор со +2, 10:12.
Веќе во второто полувреме се виде вистинското лице и квалитет на Металург. Металург заигра поцврсто во одбраната и со поорганизиран напад успеа да го зголемува водството од минута во минута, се до крајот на натпреварот. Крајниот резултат на оваа средба е 19:32.
Најефикасни на овој натпревар беа Талески со 12 од Металург и Димитриоски со 7 од Металург 2.
Фото: Мартин Димовски ( @Lacialec )