Денес во Брест, Белорусија со почеток од 17 часот по македонско време, се игра натпреварот од второто коло од Лигата на шампионите помеѓу домаќинот Мешков Брест и македонскиот шампион Металург. По првото коло двете екипи не успеаа да обезбедат ниту еден поен, па затоа овој натпревар е од големо значење за двата тима како директни конкуренти за пласман во осминафиналето. Фактот што уште повеќе го прави овој натпревар интересен е тоа што досега Металург нема победено на гостински терен во Брест. Засилената и изменета постава на Брест претставуаат голема закана за Металурзите која мора да ја надминат за полесен пласман во нокаут фазата.
Познати се составите на екипите на Металург и на Брест Мешков за денешната средба.
Брест Мешков: Пешиќ, Черепенко, Бабичев, Божовиќ, Манојловиќ, Камишик, Никуленков, Стојковиќ, Вукиќ, Баранов, Карачиќ, Рутенка, Разгор, Шпилер, Шумак и Шилович.
Металург: Митревски, Коциќ, Манасков, Ојлески, Џукиќ, Георгиевски, Марсениќ, Димовски, Мојсовски, Миркуловски, В.Маркоски, Јоновски, Кукоски, Липовина, Борозан и Циндриќ.
Во Брест не отпатуваа : Вугринец, Станиќ, Атман, Н.Марковски и Пешевски.