Денес со почеток во 16:30 часот во спортската сала во Автокоманда, силите ќе ги одмерат нашите 2 најдобри екипи, сеуште актуелниот шампион Металург и екипата на РК Вардар.
После минималниот пораз од екипата на Зомимак-М, овој пат ракометарите на Металург во овој дуел со Вардар ќе се обидат да останат во игра за второто место на конечната табела. Патот до второто место е тежок со оглед на тоа дека Вардар на овој натпревар ја има улогата на фаворит, но сепак на металурзите им е доволен само бод од овој дуел за остварување на поставената цел – освојување на второто место и учество во Сеха регионалната лига.
И покрај сите превривања што ги имаше Металург во оваа сезона, сепак дуелите против екипата на Вардар си го задржаа епитетот дерби – натпревари.
*Цената на влезниците за овој натпревар се 100 денари, а продажбата ќе започне во 15 часот.
*Пренос од овој натпревар ќе има на МРТ Собраниски канал со почеток од 16:30 часот.