РК Металург

Македонскиот шампион Металург, пред почетокот на плејоф-фазата во домашното ракометно првенство се засили со двајца нови ракометари. Станува збор за хрватскиот кружен напаѓач Драган Вргоч и за србинот Ѓорѓе Голубовиќ кој настапува на позиција десно крило и десен бек.

Драган Вргоч има 23 години и занемува со своите 204 сантиметри и 125 килограми и треба да биде прв пивот во екипата, позиција која досега единствено решение беше Жарко Пешевски. Ракометар кој доаѓа од екипата на Атлас Ванта од шампионатот на Финска.

Што се однесува до Ѓорѓе Голубовиќ, тој има 22 години и досега настапуваше во АСОБАЛ лигата, поточно во екипата на Хихон. Освен тоа, Голубовиќ има солидно искуство и од европските купови и Лигата на шампионите како член на Адемар Леон, белградски Партизан и унгарски Чургои.

Освен овие двајца ракометари, во таборот на Металург во следниот период треба да пристигнат уште тројца нови ракометари на проба. Имињата на ракометарите сеуште не се откриваат, но станува збор за голман, лев бек и уште еден пикер со кои Металург би требало да го оформи конечниот изглед на екипата која во следниот период ќе атакува на второто место во македонскиот ракометен шампионат.

После сите овие засилувања очекуваме крајно неизвесен завршеток на домашното првенство и голема борба за втората позиција во Супер ВИП лигата.