Со натпреварот помеѓу екипите на Тинекс Пролет и Металург, како и Зомимак-М и Прилеп заврши натпреварувачката 2014/2015 сезона. Екипата на Зомимак-М беше подобра од екипата на Прилеп совладувајќи ја со високи 35:23 и со оваа победа го осигура второто место на конечната табела.
Екипата на Металург на гостински терен беше подобра од младата екипа на Тинекс Пролет совладувајќи ја со 34:18 со што Металург оваа сезона ја завршува на третото место и со тоа обезбеди настап во Евро куповите. Очекувано Металург на овој натпревар ја имаше улогата на фаворит и токму со оваа висока победа ја оправда истата. Во текот на целиот натпревар кој беше исполнет со прекрасни атрактивни голови и акции, водството го имаше екипата на Металург. Најпрецизен на оваа последна средба во оваа сезона беше Костески од Металург со 13 голови, а од екипата на Пролет одлична партија прикажа десното крило Илија Крстевски кој имаше сто процентен учинок постигнувајќи 5 голови од исто толку обиди.
Настапи во Евро куповите обезбедија Металург и Пролет, екипата на Зомимак-М како втора на табелата обезбеди настап во Сеха лигата, а новиот актуелен шампион на Македонија, РК Вардар ќе игра во Лигата на шампионите.