Двете македонски ракометарки кои настапуваат за екипата на Анкара 1907, Робертина Мечевска и Моника Јанеска, имаа голем придонес во победата на нивната екипа, во мечот против Канарјаспор, во второто коло од турската Суперлига. Анкара 1907 славеше со 28-17 на гостински терен, а Мечевска постигна четири гола, Јанеска три во оваа втора победа за екипата.

Со што капитенот на женската ракометна репрезентација на Македонија, Робертина Мечевска, беше избрана за пикер на колото во турската Супер лига. Со нејзините четири погодоци, таа беше една од клучните играчи на Анкара во гостинскиот триумф над Канарјаспор. Оваа добра форма на Мечевска е важна и за македонскиот национален тим зашто во следните две недели го очекуваат првите два меча од мундијалските квалификации, против Италија.