Во пресрет на денешниот дебитантски настап на Робертина Мечевска во ЖРК Вардар, против германската екипа на Лајпциг, со нетрпение го очекува и се надева дека со победа ќе ја започне својата кариера во Вардар.
„Максимално сме посветени за мечот. Вардар е екипа што секогаш оди на победа, па така воопшто не нѐ засега тоа што гостуваме во Германија. Квалитетот е на наша страна, а тоа ќе го докажеме денеска“ – изјави пикерот Робертина Мечевска, која е најновото засилување на македонскиот шампион.
Извор: www.zrkvardar.mk