Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Миркуловски одигра одличен натпревар во дресот на Хановер на гостувањето кај фаворитот Магдебург. Натпревар во кој постигна 6 погодоци, кои не беа доволни за да му донесе триумф на својот тим.

Со оваа победа Магдебург се искачи на 3-то место на табелата во Бундес-лигата, додека Хановер се наоѓа на 12-та позиција.