По поразот на нашата репрезентација, нашиот ракометар Филип Миркуловски го остава поразот зад себе и веќе мисли на следниот натпревар против Австрија, кој со победа ќе ја завршиме групната фаза на второ место, со што би добиле “полесен“ противник во 1/8 финалето.

„Хрватска е голема селекција, знаеше да ја искористи нашата „црна дупка“. Ако на минатите мечеви се враќавме денес со Хрватска немавме сили за такво нешто. Имаше мал умор но и шанса за да се вратиме во вториот дел но избрзавме во нападот и на крајот чесно загубивме. Австрија има компактна селекција но ние мора да работиме и да ги воочиме нашите грешки. Сега размислуваме само за Австрија, и доколку ја победиме ќе имаме полесен противник во осминафиналето.“ – изјави Мркуловски.