Македонската ракометна репрезентација на утрешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Полска против Чешка ќе го игра без Филип Миркуловски, а на негово место е повикан Горан Кузманоски, плејмејкерот на романски Одорхеи.

По се изгледа е сериозна повредата, како што изјави директорот на репрезентацијата д-р Никола Панчевски, со што бил голем ризик за неговото здравје и понатамошна кариера.

„Кај Миркуловски има одвојување на мускулот на потколеницата. Повредата е сериозна. По дополнителен напор состојбата може да стане подраматична, да дојде до кинење на мускулот и последици кои можат да му ја загрозат и кариерата. Затоа не ризикуваме“

На утрешниот натпревар нема да настапи и Наумче Мојсовки, но истотака и репрезентацијата се соочува со проблеми на повредени играчи во својот ростер.