Македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, денес на последниот натпревар на домашен терен се збогува со екипата на Хановер.

Екипата на Ханавор загуби од Кил со 26:28, натпревар во кој нашиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелците. Очекуван пораз, иако по првото полувреме Хановер водеше со 15:13. За веќе во второто полувреме Кил го сврти натпреварот и издвојува победа.

Хановер на достоен начин му се заблагодари на Миркуловски и му посака понатамошен успех во својата кариера.

mirkulovski_hanover2

Екипата на Хановер има уште еден натпревар да одигра против Мелзунген на гостински терен. По што нашиот репрезентативец ќе замине во Вецлар, каде ќе ја продолжи својата натамошна кариера.

Среќно Жути!