Ракометниот шампион на Македонија, Металург денес од 19:00 часот го игра последниот натпреварот за календарската година во Лигата на шампионите против Мешков Брест на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“.

Филип Миркуловски смета дека овој натпревар е последна шанса за да останат во игра за во Топ-16, иако потоа зависат од другите екипи како ќе изиграат во последните три кола.

„Ова е последна шанса да останеме во игра за во Топ-16 и тоа е нешто од што нема да се откажеме се додека имаме шанси. Не сме рамнодушни, имаме криза и тешко се работи во овие услови, но, сепак неделава трениравме 100%, сакаме со победа да се простиме од нашата публика. Мечот со Ла Риоха имаше добра атмосфера, се надевам дека истото ќе биде случај и во сабота“ – изјави Миркуловски.