Македонската репрезентација настапот на престојното СП во Катар ќе го започне против репрезентацијата на Тунис, исто како на СП пред 5 години во Хрватска, кога го освои 11-то место. На Филип Миркуловски не му се допаѓа што во првото коло ќе играме против репрезентацијта на Тунис, која е незгодна репрезентација, но во глобала е задоволен од распоредот на натреварите.

„Целосно гледано, распоредот на натпревари во нашата група е добар, како и тоа што имаме по еден ден одмор по второто, третото и по четвртото коло. Само да можеше да се избегне Тунис во 1-то коло, со оглед на фактот што тоа е незгодна репрезентација, која игра добар, брз ракомет, а често го менува својот состав. Затоа во никој случај не треба да ги потцениме, оти потоа ќе мораме да се вадиме против другите репрезентации. Добро е што со фаворитот Хрватска ќе се сретнеме во 4-то коло, а многу појасна слика за нашиот пласман во групата ќе имаме пред дуелот со Австрија во последното коло. Како и да е, распоредот на мечевите ни одговара – изјави Филип Миркуловски.



РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА СП

На 16-ти Јануари од 15:00 часот: Македонија – Тунис

На 17-ти Јануари од 17:00 часот: Македонија – Иран

На 19-ти Јануари од 17:00 часот: Македонија – БиХ

На 21-ти Јануари од 17:00 часот: Македонија – Хрватска

На 23-ти Јануари од 17:00 часот: Македонија – Австрија