Плаво-белите вечерва имаат тешка задача, да одиграат одличен натпревар и да се вратат во Скопје непоразени. И покрај сите проблеми, Филип Миркуловски најавува жестока борба и нема да се предадат до самиот крај.

„Ситуацијата е таква каква што е, ние сепак одиме во Париз со желба да прикажеме добра игра против ПСЖ. Не е тајна колку квалитетен тим е Пари сен Жермен, кој во последните денови успеа да излезе и од резултатската криза. Јасно ни е со каков ривал ќе се сретнеме, но решени сме да дадеме се од себе, да одиграме најдобро што знаеме. Ќе изгинеме на теренот во Париз, па којзнае, доколку ПСЖ нема свој ден, би можеле и да изненадиме. Фаворитската улога им припаѓа на домаќините, но тоа не значи дека ние ќе се предадеме“ – изјави Филип Миркуловски.