ЖРК Вардар денес на својот последен тест натпревар, пред неделниот натпревар со екипата на Будуќност, убедливо ја совлада екипата на Жито Прилеп со 51:18, во Скопско Супер лигата. Ова е шеста победа за вардарки тим сезонава во домашното првенство, а за прв пат избраничките на Индира Кастратовиќ постигнуваат повеќе од 50 гола.

Натпревар во кој Индира им даде шанса на помладите ракометарки, кои несомнено го покажаа својот квалитет. Младата Сара Митова беше најефикасна ракометарка со 11 погодоци, додека Симона Стојаноска натпреварот го заврши со 4 погодоци, и новиот пивот Ивана Гакидова на ЖРК Вардар постигна 6 погодоци.