Македонската женска младинска репрезентација овој викенд беше на припреми во Габрово (Бугарија), каде одигра два натпревари со младинската репрезентација на Бугарија. Натпревари во кои селекторот Симе Симовски имаше можност да поработи со нашите ракометарки и да испроба неколку нови тактики, за престојното ЕП во Шпанија ова лето.
Во овие два натпревари, нашите ракометарки издвојуваа две минимални победи над репрезентацијата на Бугарија. Првиот натпревар заврши со 21:19, додека вториот со 19:18.
Девојките веќе вчера вечерта пристигнаа во Скопје, каде веќе од денес ќе продолжат со своите тренинзи и припреми за престојното првенство.