Македонската женска младинска репрезентација ќе одигра две контролни средби, против селекцијата на Србија. Натпревари во кои тренерот Симе Симовски ќе има последна шанса да испроба некои работи со ракометарките и воедно шанса на ракометарките да се воиграат на две недели до почетокот на ЕП во Шпанија.

Натпреварите против Србија ќе се одиграат во малата сала на СЦ „Јане Сандански“, денес првиот натпревар од 18:00 часот и вториот веќе утре од 11:30 часот.