Денес младите вардарки ќе го имаат премиерниот настап во европските купови. Во првото коло од ЕХФ Купот во женска конкуренција се среќаваат со унгарскиот Дуњаварош.
Екипата на Симе Симески по шест одиграни кола во Скопско Супер лигата имаат оствaрeно половичен успех, односно три победи и три порази. Дуњаварош се наоѓа на петтата позиција на табелата во унгарскиот шампионат, со пет победи и четири порази, два од нив во последните два меча.
Овој натпревар е вистински предизвик на нашите млади ракометарки, кои допрва треба да го докажат својот квалитет. Натпреварот започнува денес од 18:00 часот. Реваншот ќе се одигра на 23 ноември во СЦ “Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот.
Составот на ЖРК Вардар: Ангелевска, Белмезова, Бојаџиска, Чанкуловска, Ѓоргиевска, Грбиќ, Керамичиева, Ладева, Мишевска, Николовска, Нолевска, Петровска, Прленда, Тодоровска, Трајчевска, Трпковска.