Екипата на ЖРК Вардар обезбеди место во завршницата од Купот на Македонија, откако успеа да слави над екипата на РК Ѓорче. На самиот почеток на натпреварот се водеше вистинска борба и се играше гол за гол, па токму затоа и резултатот во еден момент беше 8:8. Во понатамошниот дел екипата на ЖРК Вардар заигра поборбено и поцврсто што резултираше со серија голови (4-1) и на заслужен одмор замина со резултат 12:9.
Во второто полувреме, екипата на Вардар константно го имаше водството од 4 до 5 голови разлика, а како одминуваше времето така се зголемуваше предноста па на крајот достигна до плус 9. Конечниот резултат на оваа средба беше 28:19. Најефикасна во составот на Вардар беше Нолевска која постигна 10 голови, а Ристевска од РК Ѓорче средбата ја заврши со 7 голови.
Фото: www.zrkvardar.mk