Еден од клучните играчи во унгарскиот состав Момир Илиќ очекува извонреден натпревар и жестока битка за бодовите, еве што изјави во пресрет на натпреварот:
“Од самиот старт не очекува тежок натпревар. Ние веќе подолго време се подготвуваме за овој меч, а мислам дека истото важи и за Вардар. Овој дуел е од големо значење и во овој момент тешко е да се каже кој е фаворит. Сите натпревари што ги играле, а во Скопје доаѓале големи противници сите доживувале порази. Ќе решаваат многу мали детали кои можат да бидат на наша страна, но и на страна на противникот” – изјави Момир Илиќ.