Еден од клучните македонски ракометари во изминативе 10 години секако е Наумче Мојсовски. Искусниот ракометар, сепак допрва треба да има вистински блесок на овој шампионат. Можеби веќе на денешниот меч со Словенија.
Мојсо знае како до победа против Словенците: „За да забележиме победа во дуелот против Словенија не смееме да дозволиме да примиме многу голови. Потребна е подобра игра во одбраната. Тие сакаат да играат со топка и на секој од мечевите во првата фаза постигнуваа многу погодоци. Јасно е дека треба да ги спуштиме да завршат на 25-26 гола”, истакна Наумче Мојсовски.
“Според мене најдобар рецепт е онаа игра што ја негуваше Металург, а тоа е она таканаречено “давење” на топката, која ако не им ја дадеме на Словенците ќе бидат многу нервозни. Одбраната им е послаба страна така да ако ние сме трпеливи во нападот и цврсти во одбраната сметам дека имаме шанси за успех”, продолжи Мојсовски, потенцирајќи дека Македонија треба да го искоритси присуството на Козлина во екипата н Словенија, како централен одбрамбен играч, бидејќи добро ги познаваат беговите силни, но и слаби страни.
“Фактот дека Миладин Козлина е централен играч во одбраната е мала предност за нас зошто многу добро ја познаваме неговата игра. Сметам дека тука имаме предност која мораме да ја искористиме. Неколку играчи во одбраната сакаат по машка игра, повеќе контакт, а тоа новите правила кои судиите строго ги применуваат на ова првенство што значи дека мораме да ги напаѓаме и да ги принудиме да прават што е можно повеќе исклучувања. Значи уште еднаш ако пробаме да се наттрчуваме и да се бркаме по теренот ќе направиме голема грешка”, заврши Мојсовски.
Мечот е со почеток во 16:30. со директен пренос на МРТ 1.