По стартниот пораз од Мотор Запорожје во првото коло на Лигата на Шампионите, ракометарите на Металург денес имаат шанса да ги освојат првите бодови. Противник им е швајцарскиот шампион, екипата на Кадетен Шафхаузен.
Во пресрет на денешниот натпревар, разговаравме со еден од најборбените ракометари во екипата на Металург, левото крило Бојан Маџовски.
„Ова е првиот наш натпревар пред домашна публика за оваа сезона. Шафхаузен е квалитетна и искусна екипа … Очекуваме поддршка од нашата публика, со која заедно верувам дека може да дојдеме до посакуваните бодови и да се радуваме на првата победа“ – изјави Маџовски.