македонија публика

Во пресрет на мечот од второто коло со селекцијата на Иран, македонските ракометни фанови на анкетата поставена на веб страната на www.makrakomet.mk го дадоа своето мислење.

Според резултатите, Македонците се убедени во триумф на денешниот меч. Буквално 100% од фановите сметаат дека Македонија ќе победи. И тоа лесно. Дури 86% од македонските навивачи сметаат дека ќе бидеме сведоци на лесна и убедлива победа над 5 гола над селекцијата на Иран.

Сега останува нашите ракометари да ја оправдаат оваа огромна доверба на своите навивачи.

Мечот е со почеток во 17:00 часот, со директен пренос на МРТ 1.